Twinning.org
CCRE
header-image

,,Каде почнувам?“

Добродојдовте на нашето електронско партнер пребарување!

Нашата цел е да ви помогнеме да го го најдете најдобриот партнер (и) што се совпаѓа со вашите градски и локални власти. Постојат два начини да го сторите тоа:

  • прво, може да погледнете низ списокот на градови кои бараат партнери
  • второ, може да го пополните електронски формулар за да им овозможите на другите да знаат дека вашите градски или локални власти активно бараат партнер за збратимување.

Како тоа функционира?

Како и со повеќето формулари постојат неколку чекори кои треба да се следат.

Првиот е да ни обезбедите контакт детали за вашите локални власти. Во моментот кога ова е сторено, автоматска електронска порака ќе ви биде испратена на електронската адреса која сте ја внеле, обезбедувајќи ви корисничко име и лозинка. Единствената цел на корисничкото име и лозинката е да ви овозможи вам и само вие да имате пристап до вашата електронска адреса за да ве дополни ако го сакате тоа. Ви предлагаме да ја сочувате електронската порака за идна употреба. Може да видите дека сме го поделиле целиот формулар на неколку екрани. Ова овозможува системот да сочува делови од формуларот кои сте ги комплетирале, да ве врати назад да почнете отпочеток во случај да треба да престанете на полпат, или на пр. да имате технички проблеми.

Ве молиме да обрнете внимание и на полињата обележани со ѕвездичка, тие укажуваат рубрики кои не можат да се игнорираат, или пак треба да го почнете тој екран од ново. Повеќето од овие задолжителни полиња се само за идентификација или за контакт.

Ве молиме да имате во вид дека еднаш пополнетиот формулар ,,барање партнер“ нема веднаш да се појави на интернет страницата. Место тоа, автоматски се испраќа до релевантните национални асоцијации во вашата држава, и тоа од две причини: прво, вашата асосцијација да дознае дека активно барате партнер за збратимување и да овозможи да ве снабдат со помош ако е потребно. Второ, така ќе биде заштитен интегритетот на вашето барање. Вашето барање тогаш ќе биде електронски поставено од вашата национална асоцијација. Ве молам забележете дека во одредени случаи, може да минат неколку дена додека вашето барање стане достапно до сите преку интернет страницата.

Неколку практични совети

Да го избегнете спемингот: на првиот екран, ќе забележите кутија која содржи знаци во сите бои и форми. Нивната функција е да ги држат настрана автоматските спаминг средства од електронскиот формулар. Ве молиме куцајте на секвенцата од знаци покажени на текст кутијата до неа.

Лоцирање таму каде што сте: повеќето потенцијални партнери за збратимување ќе го сметаат екстремно корисно да имаат поим е лоцирана вашата општина во вашата земја. Затоа вклучивме интерактивна карта на Европа. Само кликнете на црвената локација симбол на мапата и влечете го курсорот каде сакате. Ве молиме забележете дека можете да зумирате за внатре и надвор од мапата како што ви прилега.

Фотографии и видеа: интернет страницата ви дава можност и да прикачите фотографии и видео снимки од вашите локални власти. Ако таквите фотографии и снимки се наоѓаат на друга интернет страница, само копирајте ја адресата од неа, и вметнете ја во текст кутијата на формуларот. Како опција, може да внесете (место) видео снимки на (на пр.) гоогле видео, и потоа да го копирате и да го вметнете линкот во формуларот. Повеќе информации за ова се достапни на самиот фомрулар.

Текст кутии: ќе најдете број од текст кутии на формуларот. Тие не ви се на располагање за внесување информација која не е во формуларот. Како и да е, ве молиме запомните дека секоја информација која ќе ја искуцате на овие кутии нема да биде преведена.